петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Новиот шеф на париската полиција го отфрли барањето за отворање полициска станица...

Новиот шеф на париската полиција го отфрли барањето за отворање полициска станица во Лувр

50

Новиот началник на париската полиција, Патрис Форе, изјави дека остро се спротивставува на отворањето полициска станица во музејот Лувр, што го побара претседателот на музејот, Лоренс де Кар, по неодамнешната кражба на накит.

Форе изјави за време на состанокот на Комитетот за култура на францускиот Сенат дека одобрувањето на барањето ќе создаде преседан и ќе отвори можност и други јавни институции да го побараат истото, објави денес „Ле Фигаро“.

„Доколку го направиме тоа за Лувр, сите ќе бараат полициска станица“, рече Форе, додавајќи дека сака да ги фокусира напорите на зајакнување на безбедноста околу музејот, а не во него.

ИЗДВОЕНИ