Повеќекратна освојувачка на олимписки медали, Линдзи Вон, изјави дека не се плаши дека нејзиното враќање може да ѝ го наруши угледот.

  • Немам што повеќе да докажувам. Не мислам дека никој не се сеќава на враќањето на Мајкл Џордан, а тоа не ја намалува неговата слава. Јас веќе го направив тоа, веќе победив, порача Вон на медиумскиот самит на Тимот на САД.

По делумната замена на коленото во пролетта 2024 година, Вон започна со подготовки за враќање и планира да се натпреварува во спуст, супервелеслалом и комбинирани дисциплини, доколку се квалификува.

Вон освои злато во спуст и бронза во супервелеслалом на Игрите во Ванкувер во 2010 година, како и бронза во спуст во Пјонгчанг во 2018 година.

  • Мислам дека можеби сум во најдобрата форма во мојот живот, порача легендарната скијачка.

 

ИЗДВОЕНИ