Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.
Судењето денеска продолжи со нови докази што ги презентира Обвинителството, дополнувајќи ја доказната постапка. Меѓу новите елементи е одговорот на барањето за податоци од 7 април 2023 година, во кое се доставува листа од електронската евиденција за работното место на обвинетиот Боре Видевски. Според приложената документација од ЈКП Древен Велес, Видевски не бил присутен на своето работно место на 22 и 27 ноември, деновите на убиството на Вања и Панче.
Обвинителството образложи дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото викано Рудник во Велес.