„Нови Сад не го простуваме“: Студенти и граѓани и вечерва протестираат низ цела Србија

76

Стотици граѓани се собраа во Белград во саботата навечер пред полициската станица како одговор на реакцијата на полицијата на протестот наречен „Србија, дали се слушаме?“ во Нови Сад, одржан во петок, 5 септември.

Денеска студентите во блокадата повикаа на собири со пораките „Нови Сад не го простуваме“  и „’Рбет против насилството“.

Поради употребата на полициска сила на протестот во Нови Сад, во саботата се одржаа собири во неколку други градови во Србија – Крагуевац, Чачак, Сремска Митровица и Суботица, објавија телевизијата Н1 и агенцијата Бета.

На собирот пред полициската станица на булеварот „Деспот Стефан“, насобраните го блокираа патот, пренесе регионалниот сервис на Радио Слободна Европа“, a според Н1, на местото е присутна само сообраќајна полиција.

Студентите во блокадата претходно денеска објавија дека ги повикуваат граѓаните на Нови Сад да не „се собираат во кампусот или во негова близина“, наведувајќи дека според информациите што ги имаат, „постои можност секое такво собирање да се искористи како причина за упад во некој од слободните факултети“.

На протестот во Нови Сад во петокот вечерта по инцидентот, кога мала група маскирани демонстранти нападнаа припадници на полицијата пред Филозофскиот факултет, стотици припадници на полицијата ги растераа собраните на протестот со употреба на сила, солзавец и топовски удари.

ИЗДВОЕНИ