Како што објавуваат бројни светски медиуми, во Формула 1 се подготвува втората замена во возачкиот состав. Тимот на Алпин ќе го замени Џек Духан и ќе го промовира резервниот возач Франко Колапинто пред Големата награда на Емилија Ромања, на патеката „Имола“. Тоа би била втора промена на возач оваа сезона откако претходно Јуки Цунода се пресели од Рејсинг Булс во Ред Бул, додека Лиам Лосон отиде во спротивна насока.

Духан (22) досега не успеа да освои ниту еден бод во шесте трки од својата дебитантска сезона. Тој не успеа да ја заврши трката двапати, а исто така заврши на 13., 14., 15. и 17. место. Тој значително го оштети болидот во два наврати – на трката во Австралија и за време на тренингот во Јапонија.

ИЗДВОЕНИ