недела, септември 6, 2026
Дома СВЕТ Нова ескалација во Либан: Израел удри на југот на земјата, најмалку три...

Нова ескалација во Либан: Израел удри на југот на земјата, најмалку три лица загинаа, а 23 се ранети во последната серија напади

0

Најмалку три лица се убиени, а 23 повредени во израелските напади во јужен и источен Либан во текот на ноќта, објави либанското Министерство за здравство.

Министерството соопшти дека нападите биле извршени на пет локации во регионите Тир и Набатија на југот од земјата и регионот Бекаа во источен Либан, објавува „Тајмс оф Израел“.

Не е прецизирано колку од жртвите и ранетите биле војници, а колку цивили.

Наводно, нападите биле извршени по нападите со беспилотни летала на „Хезболах“ врз израелските војници кои дејствувале во безбедносната зона во јужен Либан, пренесува „Танјуг“.

Вие сте во близина на објект што ѝ припаѓа на терористичката организација „Хезболах“, против која израелската војска ќе спроведе операции“, соопшти израелската војска во порака на арапски јазик на „Телеграм“, во која беше вклучена и мапа на зоната за евакуација.

Немаше коментар од групата поддржана од Иран. Израелската војска завчера соопшти дека нападнала складишта со оружје во јужен Либан што биле наменети за Хезболах. Борбите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран.

Сепак, Израел продолжува да спроведува спорадични воени операции на југ, каде што одржува присуство по должината на граничниот појас широк околу десет километри.

„Хезболах“, во поддршка на Техеран, извршува напади врз Израел од почетокот на март, вовлекувајќи го Либан во регионална војна. Израелската одмазда досега одзеде повеќе од 4.300 животи, според либанските власти.

ИЗДВОЕНИ