
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес разговараше со новата премиерка на Јапонија, Санае Такаичи, а темите на разговорот, меѓу другото, беа зајакнување на украинскиот противвоздушен систем, помош во енергетиката пред зимата и евентуално заедничко производство на оружје.
Зеленски и честиташе на Такаичи за преземањето на функцијата и го информираше за ситуацијата во Украина, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на воздушната одбрана за заштита на градовите и енергетската инфраструктура, што е „прва цел на Русија“, објави украинскиот јавен сервис „Суспилна“.
Зеленски ги истакна намерите на Украина да развие контролиран извоз на оружје и да изгради партнерства за заедничко производство на современо оружје.
„Многу ја цениме подготвеноста на Јапонија и премиеркат да ни помогнат во енергетската сфера со соодветна опрема. Ова ќе им помогне на нашите градови и заедници оваа зима“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е заинтересирана за соработка со Јапонија во обновата на земјата.
Покрај тоа, украинскиот претседател ја информираше премиерката за дипломатската ситуација и „можностите за ефикасен притисок врз Русија“ и и ја покани Санае Такаичи да ја посети Украина.











