Жителите велат дека одбрале ниска детелина бидејќи е отпорна на високи температури, а поради подлабокиот корен, не бара вода колку тревата. Потоа, бидејќи расте ниско и не бара косење, издржлива е и отпорна е на газење, го подобрува биодиверзитетот и со своите цветчиња ги привлекува полезните инсекти
Жителите, викендов, самоиницијативно го уредуваа блоковското зеленило во Карпош 3 спроти маркетот „Веро“ и „Електроелемент“ на улицата „Манапо“, каде што засадија ниска детелина.
Тоа, како што велат жителите, била и одлична можност за дружба и подобро меѓусебно запознавање.
Додаваат дека одбрале ниска детелина бидејќи е отпорна на високи температури, а поради подлабокиот корен, не бара вода колку тревата. Потоа, бидејќи расте ниско и не бара косење, издржлива е и отпорна е на газење, го подобрува биодиверзитетот и со своите цветчиња ги привлекува полезните инсекти.
Жителите искрено им се заблагодаруваат на сите што им се приклучиле и се надеваат дека детелината ќе никне и убаво ќе го пополни ова парче исушена земја.












