Нов протест на студентите во блокада денес во Белград: „Индексот е посилен од пендрекот“.

149
Фото: Instagram studenti_u_blokadi

Студентите во блокада ќе одржат протест денес, 8 септември, „Индексот е посилен од пендрекот“.

„Сè запира во понеделник. Понеделник не смее да биде само уште еден работен ден. Се гледаме на улица“, велат студентите во соопштение на Инстаграм.

Собирот ќе започне во 14 часот пред зградата на Владата на Србија.

Тие ќе пешачат до Палатата на правдата, до зградата на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти, како и до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ