петок, октомври 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нов паркинг наместо старите бараки во центарот на Штип

Нов паркинг наместо старите бараки во центарот на Штип

10

Во близина на трговскиот центар во Штип почна изградбата на новиот паркинг-простор.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека станува збор за простор, каде што во стари куќи биле населени бездомници, а Општината претходно се погрижила за нивното вдомување.

– Успеавме да го исчистиме овој простор во централното градско подрачје, за да почнат работните активности за уредување на оваа површина. Повеќе од 35 паркинг-позиции е површината на која што се уредува со павер елементи, осветлување, поставување на соодветна урбана опрема за овозможување на повеќе паркинг места во централното градско подрачје. Тоа ќе биде во првата фаза во овој момент која се реализира со нешто повеќе од еден милион денари издвоени од буџетот на општина Штип – рече Јорданов. 

Тој најави дека во втората фаза се предвидува изградба на уште едно ниво за паркирање, со што двојно ќе се зголеми просторот за паркирање на возилата.

– Би се обезбедиле паркинг-места за околу 70 возила. Со тоа, во централното градско подрачје се ослободуваат нови паркинг-позиции, како потреба на денешното живеење – вели Јорданов.

Тој додаде дека како општина нема да застанат со изградба на нови паркинг површини и катни гаражи. По завршувањето на овој проект ќе започнат со уредување на просторот зад општинската зграда

– Наредна цел е локацијата зад административната зграда на општина Штип. Ќе ја уредиме со неколку нивоа на паркирање. На тој начин ќе се намали притисокот во одреден период од денот во центарот на градот – вели Јорданов.

ИЗДВОЕНИ