Жителите од населеното место Дељадровци, кое се наоѓа на територијата на Општина Илинден, ќе добијат нов парк.

Од Општината велат дека новиот парк ќе биде уреден со пешачки патеки од бекатон плочки, ќе има зелени површини, детски реквизити и урбана опрема, со што жителите ќе добијат современ и функционален простор за одмор, рекреација и секојдневно дружење.

Во рамките на проектот е предвидено изградба на детско катче со кула и лизгалки, лулашка, метални клацкалки и фигура во форма на коњче.

Дополнително ќе биде поставен и летниковец, како и клупи за одмор, канти за отпадоци и соодветно осветлување и уредување на просторот со декоративни елементи и зеленило.

Од локалната самоуправа велат дека со реализацијата на овој проект, продолжуваат со заложбите за рамномерен развој на сите населени места, создавање нови зелени површини и обезбедување современи и безбедни простори за сите жители на општината.

ИЗДВОЕНИ