Нов грабеж во Париз, украден вреден накит!

141

Златарница „Сваровски“ беше ограбена во центарот на 6-тиот арондисман во Париз, а крадците одзедоа плен проценет на 200.000 евра, објавија денес француските медиуми. Грабежот се случил ноќта помеѓу четврток и петок, на улицата Рен, објави „Ле Фигаро“.

Продавачката која работела во златарницата го открила грабежот во петок наутро кога била шокирана кога видела дека сите витрини во продавницата биле скршени и испразнети.

Според парискиот весник, златарницата имала лажни камери за надзор.

Канцеларијата на парискиот обвинител вели дека крадците, кои очигледно биле добро подготвени, зеле накит чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, објавува „Танјуг“.

Истрагата ќе ги утврди точните околности на грабежот, но истражителите нема да имаат на располагање никаков употреблив видео материјал бидејќи во објектот биле инсталирани лажни камери за надзор, објави „Ле Фигаро“.

ИЗДВОЕНИ