Нетипичен инцидент во Костарика: Фатена мачка што шверцува дрога во затвор/видео

105
Фото:принтскрин/Министерство за правда и мир на Костарика

Чуварите на затворот Поцуки во Костарика фатиле мачка која на себе имала два пакети дрога.

Мачката на телото носела повеќе од 235 грама марихуана, 68 грама крек и одредено количество ризли, објави локалното министерствто за правосудство.
Дрогата е запленета, а животното, кое на социјалните мрежи е наречено Наркомичи, односно, Нарко-мачка, е предадено на Националната служба за здравје на животните.
Поради овој инцидент е покрената истрага со која се обидува да се открие како животното завршило со дрогата и кој е одговорен за обидот за достава.

ИЗДВОЕНИ