четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Никушор Дан: Нападите врз бродови во Црното Море се обид на Русија...

Никушор Дан: Нападите врз бродови во Црното Море се обид на Русија да го дестабилизира источниот крило на НАТО

21
EPA/OLIVIER MATTHYS

Романскиот претседател Никушор Дан денес по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека неодамнешните напади врз комерцијални бродови во Црното Море се обид на Русија да го дестабилизира источниот дел на НАТО и да ја ослабне поддршката за Украина.

Дан не даде дополнителни детали за бродовите неодамна погодени во романските територијални води и нивната непосредна близина, велејќи дека повеќе информации ќе бидат достапни откако ќе завршат тековните истраги.

„Со нашите сојузници од НАТО, ние сме посветени на одбрана на секој сантиметар од нашата територија, вклучувајќи ги и нашите води и воздушен простор. Ситуацијата во Црното Море е сериозна. Трговски бродови се напаѓаат и потонуваат. Морнари се убиваат, повредуваат и се водат како исчезнати, многу блиску до бреговите на Романија и Бугарија. Ова е неприфатливо и мора да престане. Животите, глобалната трговија и критичната инфраструктура се во опасност. Заедно се залагаме за безбедно и отворено Црно Море, за Романија, Бугарија, Европа и целиот свет“, напиша Дан на X.

ИЗДВОЕНИ