Уставниот суд удри по пензионерите. Сега ги слушам како се прпелкаат, односно тоа што си го зеле, пензионерите нема да го вратат, но за тоа ќе видиме како понатаму. Нели, најпрвин немаше такво нешто. Кога го соопштив тоа на пратенички прашања, тие излегоа и рекоа нема такво нешто, за потоа да се препакуваат и да кажат добро, еве ќе го разгледуваме сето тоа од 1 јануари, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали го поддржува протестот на пензионерите пред Уставниот суд.

Според него, последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија 2026 година, прашувајќи како ќе биде неуставно тоа зголемување, а претходните 6 илјади денари ќе бидат уставни. Тој посочи дека судиите во Уставниот суд имаат три можности.

– Првата е да ги прогласат линеарните зголемувања за неуставни, тоа значи 75 % од пензионерите од 1 јануари ќе имаат 3-4 илјади денари пониски пензии. Втората опција е да најдат некоја, за мене, бледа неправна логика следното зголемување да го прогласат за неуставно, а сè претходно да биде уставно, што, за мене, еве јас не сум правник, но консултирав многу правници, изгледа смешно. И третата опција е да ги прогласат уставни – рече Мицкоски, додавајќи дека нема да коментира повеќе и ќе остави на Уставниот суд за, како што кажа, „да не биде повторно сфатено дека прави притисок врз судиите и врз обвинителите“.

ИЗДВОЕНИ