четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Независниот кандидат за градоначалник на Могила, Сашо Пивковски, се повлече од вториот...

Независниот кандидат за градоначалник на Могила, Сашо Пивковски, се повлече од вториот круг од локалните избори

117
Фото:фб

Сашо Пивковски е вториот независен кандидат за градоначалник кој објави дека се повлекува од трката за градоначалничката функција. Пивковски денеска на својот фејсбук-профил обзнани дека по внимателно размислување и разговори со граѓаните одлучил да се повлече од трката за прв човек на Општина Могила.

Независниот кандидат за градоначалник на Могила вели дека е свесен оти ваквата одлука ќе изненади многумина, но дека е донесена со мирна совест и одговорност

Дека се повлекува од вториот круг од локалните избори претходно вчера објави и независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески. И тој како и Пивковски, рече дека е време за обединување и ставање крај на поделбите.

ИЗДВОЕНИ