Шејла и Џејна Велија, мајка и ќерка од Сараево, починаа вчера во рок од еден час една од друга за време на одмор во Добра Вода во Црна Гора.
Извори на порталот „Аваз“ од Црна Гора изјавија дека судскиот лекар прелиминарно констатирал дека станува збор за срцев удар и кај ќерката и кај мајката.
Според информациите од „Аваз“ од Црна Гора, прва починала ќерката, а еден час подоцна нејзината мајка, а бидејќи станува збор за природна смрт, нема елементи на кривично дело.
Од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Црна Гора истакнааа дека се во контакт со синот на починатите.
Мајката починала на 45-годишна возраст, а ќерката на 22-годишна возраст.
Тие ќе бидат погребани во среда на градските гробишта Влаково во Сараево, објави „Бета“.












