Невообичаен грабеж во срцето на Рим: Крадци со автомобил влегле во еден од најпознатите бутици и направиле „чистка“

35

Група крадци синоќа ограбиле бутик на Луј Витон во центарот на Рим откако го скршиле излогот со својот автомобил, објави Анса.

Бутикот бил ограбен на централната римска улица Виа Кондоти во близина на Шпанските скали.

Според првичната реконструкција, група од тројца маскирани мажи удриле со својот автомобил во излогот синоќа околу 1:30 часот.

Вредноста на украдената стока сè уште не е позната.

Истражителите започнале истрага на местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ