Спасувачите во Лаос пронајдоа петмина живи селани во поплавена пештера, една недела откако беа заробени од обилни дождови и лизгање на земјиштето.
Двајца мажи кои беа со нив сè уште се водат како исчезнати, соопштија спасувачките екипи од Лаос и Тајланд вклучени во операцијата за спасување.
Група од седум лица од централната провинција Саисомбун влегла во пештерата минатата среда во потрага по злато и див свет, но нивниот излез бил блокиран од бури, објавува Би-Би-Си.
Пештерскиот систем се протега длабоко под земја и е многу тесен, а спасувачите велат дека некои комори се широки само околу 50 сантиметри.
Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат нуркачи како се мачат низ тесни, калливи премини кои биле речиси целосно под вода.
นาที ทีมกู้ภัย ซัพพอร์ต ทราบข่าวดี ครับ
ทีมเราทำสำเร็จเราพบผู้สูญหาย 5 คน เป็นที่เรียบร้อย จากการรายงานล่าสุดพบว่า ปลอดภัย 🇹🇭🇹🇭🇱🇦🇱🇦#กู้ภัย #ติดถ้ำ #ลาว #สปปลาว pic.twitter.com/TrG0FIztmI
— Skyboyz (@Skyboyz15) May 27, 2026












