Нетанјаху: Го предупредив Албанезе дека Канбера додава масло на огнот на антисемитизмот

32
Фото: EPA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по пукањето на прославата на Ханука во Сиднеј, изјави дека во август му напишал писмо на австралискиот премиер Ентони Албанезе, обвинувајќи ја Канбера дека „додава масло на огнот на антисемитизмот“.

Парафразирајќи ја содржината на писмото, Нетанјаху рече дека политиките на австралиската влада, вклучително и нејзиното признавање на палестинска држава, ја поттикнуваат „омразата кон Евреите што сега се шири на улиците на Австралија“.

„Антисемитизмот е рак. Се шири кога лидерите молчат. Слабоста мора да се замени со акција“, рече Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој го опиша нападот во Сиднеј како „страшен чин на ладнокрвно убиство“, додавајќи дека бројот на жртви, според него, за жал расте.

Нетанјаху рече дека Израел е во борба против глобалниот антисемитизам.

„Единствениот начин да се запре е јасно да се осуди и да се бориме против него. Нема втор пат. Ние го правиме ова во Израел и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече израелскиот премиер.

Најмалку 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, а 29 лица беа повредени во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собрале да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, според најновите податоци, објавија претходно австралиските медиуми.

ИЗДВОЕНИ