четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Непознато лице фрлило експлозив пред куќа во Прилеп, за среќа нема повредени

Непознато лице фрлило експлозив пред куќа во Прилеп, за среќа нема повредени

111

Засега непознато лице вчера околу 19:30 часот, во Прилеп, на улицата Поп Аврамија, фрлило експлозивна направа пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот С.Л. од Прилеп. При инцидентот дошло до експлозија, но за среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Полицијата апелира до граѓаните да ја пријават секоја информација која може да помогне во истрагата.

ИЗДВОЕНИ