Неповторливата Шарлиз Терон повторно го крена Холивуд на нозе: Истата работа не им се простува само на жените

912
Актерката Шарлиз Терон е позната по изјавите кои предизвикуваат многу внимание, па така недоамна откри дека имала секс со 26-годишник, а изнесе и  детали.
Но она што посебно ја разбранува јавноста беше нејзината последна изјава дадена за време на промоцијата на најновиот филм на „Нетфликс“, Старата гарда 2“ во кој игра заедно со Ума Турман, упати жестока критика кон филсмката индустрија поради тоа што не поддржува акциски филови во кои главните ликови ги играат жени, пренесе „Фокс њуз“.

Таа наведе дека Холивуд ги смета за ризични проектите во кои жените ги играат главните улоги, ако станува збор за акциски филмови.

„Тоа е позната работа. Акциските филмови со главни женски улоги не добиваат зелено светло толку често  како оние со машки главни протагонисти. Она што секогаш ме фрустриа е фактот дека мажите добиваат бесплатна пропусница“, изјави Шарлиз.

Таа истакна дека мажите добиваат други можности, ако на пример нивнито филм потфли во кината, додека тоа не е случај со жените.

„Кога слично нешто ќе се случи со жена, и филмот нема да оствари успех таа повеќе не добива втора можност“, додаде Шарлиз.

 

 

ИЗДВОЕНИ