Неопходно е да се направат компостари за биоотпад од затворен тип, во секое маало

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ е против депонирање на отпадот. Сметаат дека граѓаните во цела Македонија со право се бунат против отворањето регионални депонии, бидејќи, како што велат, кај нас не важат никакви стандарди, не се почитуваат законите и ништо не се прави како што треба. – „Зелен хуман град“ го застапува концептот нула отпад и се залага за превенирање на отпадот како приоритет. Од 60 до 80 % од вкупниот комунален отпад во Македонија е органски/биоотпад. Затоа е неопходно да се направат компостари за биоотпад од затворен тип, во секое маало, кои ќе бидат достапни за секое домаќинство. На тој начин ќе се елиминираат трошоците за превоз и за депонирање, а и ќе се елиминира загадувањето на почвата, водите и на воздухот. Не само што ќе се отстранат минимум 60 % од вкупниот отпад што го имаме сега туку и ќе се произведува компост (органско ѓубриво) и плус може да се произведува биогас (чист обновлив енергенс) – потенцираат од „Зелен хуман град“

90

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ е против депонирање на отпадот. Сметаат дека граѓаните во цела Македонија со право се бунат против отворањето регионални депонии, бидејќи, како што велат, кај нас не важат никакви стандарди, не се почитуваат законите и ништо не се прави како што треба. Затоа предлагаат да се направат компостари за биоотпад од затворен тип, во секое маало.

– „Зелен хуман град“ го застапува концептот нула отпад и се залага за превенирање на отпадот како приоритет. Од 60 до 80 % од вкупниот комунален отпад во Македонија е органски/биоотпад. Затоа е неопходно да се направат компостари за биоотпад од затворен тип, во секое маало, кои ќе бидат достапни за секое домаќинство. На тој начин ќе се елиминираат трошоците за превоз и за депонирање, а и ќе се елиминира загадувањето на почвата, водите и на воздухот. Не само што ќе се отстранат минимум 60 % од вкупниот отпад што го имаме сега туку и ќе се произведува компост (органско ѓубриво) и плус може да се произведува биогас (чист обновлив енергенс) – потенцираат од „Зелен хуман град“.

За градежниот шут велат дека е потребно да се отворат капацитети што ќе бидат во сопственост на локалните самоуправи/државата. Со механичка обработка, овие капацитети ќе го претвораат шутот во репроматеријал наместо да се трошат непотребни средства за правење депонии и управување со нив.

Исто така, од „Зелен хуман град“ предлагаат да се селектира пластиката и да се извезува надвор, во земји што ќе може да се справат со тој отпад на најбезболен начин, потоа да се направи селекција на останатите видови отпад и да се извезува тоа и ако не може во земјава, да се гарантира рециклирање без загадување.

– Институциите се должни да спроведуваат сеопфатна едукација преку медиумите за масовно известување како да се управува правилно со отпадот, во согласност со принципите за нула отпад. Наместо политичарите да се фотографираат со нивелирана шахта и 200 метри асфалтирана патека, бараме да ги наменат нашите пари за масовно и систематски да пропагираат одржливи решенија, кои на сите ќе ни го подобрат квалитетот на животот. Ама така нема да може повеќе да се вадат на „ниска е свеста кај граѓаните“. Ниска е, зашто политичарите не си ја работеле работата со децении наназад да ја изградат таа свест. Ако не се способни да се справат со отпадот, нека се повлечат. Има такви што знаат, умеат и можат – порачуваат од „Зелен хуман град“.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ