Кошаркарите на Индијана поведоа со 2-1 во финалната серија во НБА против големиот фаворит Оклахома со победата на домашен терен од 116:107. Херој на мечот беше играч од клупата, Бенедикт Матурин, кој за 22 минути на терен постигна 27 поени и беше најдобар стрелец на натпреварот.

Со ова достигнување, Матурин стана првиот играч кој од клупата придонел со најмалку 25 поени во финалната серија, по Џејсон Тери во 2011 година. Од почетокот на векот, освен тие двајца, само Ману Џинобили постигнал вакво остварување во финалната серија.

ИЗДВОЕНИ