Не тргнувајте кон Грција: Преминот Евзони е целосно затворен, блокади и на патот кон Солун/ФОТО

1
screenshot Instagram

Доколку се упатувате кон Грција, внимателно испланирајте го вашето патување поради затворањето на големиот граничен премин Евзони и други важни патишта. Сообраќајот на овој премин е целосно запрен за сите возила што се упатуваат кон таа земја.

Граничниот премин Евзони е затворен поради штрајкот на земјоделците, а кратко не беше во функција и граничниот премин Дојран, пренесе Никана.

Исто така затворен е и сообраќајот на патот кон Солун, па затоа е најважно патниците да бидат добро информирани пред да се качат во своето возило ако се упатуваат кон Грција или се движат во регионот на Солун.

Според последните информации, земјоделците засега не планираат да ја прекинат оваа сообраќајна блокада. Се чини дека планот е да се прошири протестот и дека ќе им се придружат и возачи на камиони.

Автопатот помеѓу Солун и Атина, околу Никеја во Лариса, главниот и најголем град во северозападниот регион Тесалија, исто така е затворен, објави претходно Euronews.

ИЗДВОЕНИ