Еколошки транспорт пресликан во брзи зелени железнички линии е иднината на јавниот превоз на луѓето од Западен Балкан. Ова беше потенцирано од учесниците на тркалезната маса „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“, при што меѓу другото беше потенцирано дека за ова потребно е регионално сите да размислуваат исто, бидејќи сите го дишеме истиот воздух.

Пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска како член на интерпарламентарната – таканаречена „еко-група“ за животна средина и климатски промени, истакна дека регионот мора заедно да работи на подобрување на животната средина, на квалитетот на чистиот воздух, на зелен транспорт и чисти води.

– Нема потреба да патуваме со авиони до Белград и до Загреб, ако имаме таканаречена „зелена линија“. На тоа мораме сите да работиме – рече  Стојкова- Серафимовска.

Германија останува посветен партнер на земјите од Западен Балкан во зелената транзиција на регионот, обезбедувајќи финансиска и техничка поддршка преку Германската развојна банка (КфЊ) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, во обраќањето на почетокот од настанот, рече дека Германија веќе се обврза на финансиска поддршка за Регионалното климатско партнерство и тоа до 500 милиони евра на краток и среден рок, како и дополнителни 1 милијарда евра до 2030 година за инвестиции во зелена енергија.

Директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, рече дека спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан бара храбро лидерство, бидејќи претставува стратешка визија за иднината на регионот со помалку загадување, достапен превоз и паметни решенија. Тој истакна дека транспортот во Европската Унија и на Западен Балкан е еден од главните елементи што ги поврзува луѓето, го поврзува преносот на добрата.

– Но, исто така, за жал, една четвртина од емисиите што предизвикуваат загадување се предизвикани од транспортот не само во регионот, туку и во ЕУ. Затоа, мора да се најде решение како превозот, транспортот и мобилноста да се направат позелени, како да воведе повеќе користење електрични возила и повеќе станици каде што ќе се полнат тие возила.

Меџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина!

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити исправи силна порака на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје.

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

– Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Како Министерство, нашата задача е да ги интегрираме иновациите и технолошките решенија со одржливото просторно планирање и меѓународната соработка. Со оваа стратегија, создаваме здрава, отпорна и конкурентна средина која ќе им обезбеди подобра иднина на следните генерации – изјави министерот Меџити.

Покрај Меџити на форумот присуствуваше и министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

– Дадовме силна поддршка за нови партнерства меѓу институциите, бизнис-секторот и
експертите од двете земји. Чешка денес има модерни електрани, експерти што може да ни помогнат – Од енергија до дигитализација – имаме многу што да споделиме, но уште повеќе што да изградиме заедно – истакна Божиновска.

 

ИЗДВОЕНИ