Не ми го трошете времето, воведете и санкции на Русија, им порача Трамп на НАТО членките!

547
EPA/BONNIE CASH / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп објави дека е подготвен да воведе големи санкции врз Русија, но дека прво сите земји-членки на НАТО мора да се согласат да го сторат истото, како и да престанат да купуваат нафта од Русија.

– „Како што знаете, посветеноста на НАТО кон победата е далеку помала од 100%, а фактот дека некои членки купуваат нафта е шокантен. Ова во голема мера ја ослабува вашата преговарачка позиција и вашата преговарачка моќ да ја натерате Русија да го скрши тој притисок“, напиша Трамп во писмо „до сите земји-членки на НАТО и светот“, кое го објави на својот профил на мрежата Truth Social.

Тој оцени дека војната во Украина не е „војна на Трамп“ и нагласи дека тоа немаше да се случи ако тој беше претседател во 2022 година.

– Ова е војната на Бајден и Зеленски. Јас сум тука за да помогнам да се запре и да се спасат илјадници руски и украински животи. Дури 7.118 животи беа изгубени само минатата недела. Лудост“, напиша Трамп.

Американскиот претседател изјави дека ако НАТО го стори тоа што го кажува, војната брзо ќе заврши.

– Ако не, тогаш само ми го трошите времето, енергијата и парите на Соединетите Американски Држави – напиша Трамп.

ИЗДВОЕНИ