Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес ги критикуваше одредени барања од Европската Унија во врска со можните услови за започнување преговори со Москва, опишувајќи ги како несоодветни.
Коментирајќи ги ставовите на шефицата на европската дипломатија Каја Калас за потребата од ограничување на руските вооружени сили, Лавров изјави дека не сака да коментира такви проценки со дипломатски тон.
– Не дискутирам за идиотски изјави, изјави Лавров за весникот „Известија“.
Од друга страна, Каја Калас изјави пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Кипар дека сите можни договори треба да опфатат и пошироки безбедносни прашања, вклучително и присуството на руски трупи во одредени земји.
Таа нагласи дека ако се зборува за отстапки кон Украина во врска со воените ограничувања, тоа треба да важи и за Русија.
Калас, исто така, изјави дека присуството на руски сили во земји како Грузија и Молдавија е прашање на европска безбедност, додавајќи дека тие не треба да влијаат на внатрешните процеси и изборите во тие земји.












