Лука Дончиќ повторно е во трка за МВП-наградата откако НБА го промени правилото во негова корист. НБА исправи голема неправда и им дозволи на суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс и на Кејд Канингем (Детроит) да се натпреваруваат за МВП-наградата.

Според правилата, двајцата не го исполнија условот, односно не ги одиграа потребните 65 натпревари. Но, правдата е задоволена и доверливиот новинар, Шамс Чаранија, потврди дека е прифатена жалбата на двајцата и дека тие ќе бидат во конкуренција за наградите.

Веќе некое време се води јавна дебата за тоа дали треба да се укине правилото за 65 задолжителни натпревари.

Дончиќ поднесе жалба за два натпревари во декември што ги пропушти поради раѓањето на својата ќерка и мораше да патува во Словенија.

Канингем, од друга страна, имаше проблем со белите дробови и неговата жалба, исто така, беше прифатена. Сепак, жалбата на Ентони Едвардс беше одбиена, иако отиде на независен арбитражен суд.

ИЗДВОЕНИ