Бразилскиот фудбалер Нејмар (33) не успеа да го искористи целиот потенцијал што му го предвидуваа, пред сè поради лудата глава. Тој пропушти голем број натпревари оваа сезона за тимот на Сантос, кој е во зоната за испаѓање во Бразил.
Но, последните денови очигледно е прелеана чашата, кога станува збор за Нејмар. Тој ја премина границата, според писмото од навивачка група на Сантос.
- Ти се обраќаме тебе, на нашиот идол, Нејмар. Да, идол – затоа те молиме да се однесуваш како таков. Рече дека си се навредил што еден навивач сугерираше дека ти и твоето семејство сте платеници, а одговори дека би можел да заработуваш многу повеќе на друго место, што го знаеме. Но, замисли еден изморен навивач, кој со години акумулира беспомошност, како го гледа својот апатичен тим како повторно губи дома, во зоната за испаѓање, и има можност да те погледне во очи и да те замоли да го водиш овој нестабилен тим. Не би ли го направил тоа?, пишува во писмото од групата навивачи.
Неимар е егоист, секако дека размислува за заминување, а единствениот клуб заинтересиран во моментов, би бил вистински „бум“ во Европа, особено во Франција.
Покрај тоа што шест години ќе го носеше дресот на Пари Сен Жермен, тој би можел да го облече и оној на Марсеј, кој е заинтересиран за неговите услуги.
Екипата на Марсеј заврши втора минатата сезона и ќе игра во Лигата на шампионите. Ова би можело да биде дополнителна мотивација за Нејмар, со оглед на тоа што ќе се игра Светското првенство следната година, веројатно последното во неговата кариера. Враќањето на највисокото ниво во Европа би можело да биде клучно за подобра подготовка за тој предизвик, и тоа е причината за неговото размислување.
Нејмар не се раздели ниту со парижаните на најубав начин, се чини дека тоа ќе биде случај и со неговиот Сантос, а преселбата во Марсеј би била „нож во грб“ за париските навивачи…