НАТО повеќе не е единствен, Америка сака мир, Европа сака војна, смета Орбан

17
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека има сериозни поделби во рамките на НАТО, тврдејќи дека САД се посветени на мирот, додека Европа е сè повеќе ориентирана кон војна.

Орбан верува дека во глобалната политика се појавила нова реалност, имено дека НАТО денес функционира преку два одделни столба – американскиот и европскиот – кои, како што вели тој, испраќаат сосема различни пораки.

– Се појавија сериозни разлики меѓу клучните земји-членки на НАТО. САД се посветени на мирот, додека нивните европски сојузници се залагаат за војна – рече Орбан, коментирајќи ги изјавите на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за подготовките за можен конфликт со Русија.

ИЗДВОЕНИ