Ноќта помеѓу 31 јануари и 1 февруари беше најстудената во Москва од почетокот на зимската сезона, со најниска регистрирана температура од минус 21 степен Целзиус, објави метеорологот Евгениј Тишковец од центарот „Фобос“.
На метеоролошката станица ВДНХ во раните утрински часови е регистриран -21, што е за девет степени пониско од климатската норма за ова време од годината, пренесува „РИА Новости“.
Во центарот на Москва, во Балчуг, температурата падна на -20,2 степени, а во Тушин на -21,7 степени.
Тишковец рече дека минатиот јануари температурата во Москва била два степени под долгорочниот просек, а врнежите достигнале 156 проценти од месечната норма, пренесе „Танјуг“.












