Најголемиот производител на ураниум во светот ја добива својата прва нуклеарна централа, ќе ја гради Русија

3663

Руските инженери започнаа со работа на првата нуклеарна централа во Казахстан, додека Москва се обидува да го задржи своето влијание во Централна Азија, каде што Кина и Европа се борат за упориште во регионот богат со ресурси.

Казахстан, најголемиот производител на ураниум во светот и трет најголем снабдувач на Европската Унија, денес соопшти дека руските и казахстанските нуклеарни агенции започнале инженерски студии за да ја утврдат најдобрата локација и да „подготват проектна документација“ за централата, објави „Москва тајмс“, повикувајќи се на АФП.

Електраната ќе биде изградена во близина на полунапуштеното село Улкен на езерото Балхаш и се очекува да бидат потребни неколку години за нејзино завршување. Руската „Росатом“ објави дека реакторот ќе има животен век од 60 години, со можност за продолжување за уште 20 години.

ИЗДВОЕНИ