Војната на Блискиот Исток е сè уште во полн ек и никој не може со сигурност да каже колку долго ќе трае. Оваа војна веќе предизвика доста потреси на пазарот, па затоа многу инвеститори сè уште се збунети што да прават понатаму. Оние кои инвестирале во акции повеќе не можат да се потпрат на тоа, со оглед на тоа што акциите на повеќето компании паѓаат. Она што сега е далеку во преден план се изворите на енергија, а пред сè нафтата.
Растечките тензии меѓу Иран и САД имаат директно влијание врз глобалниот пазар на енергија, бидејќи голем дел од светската нафта поминува низ стратешки важниот Ормутски теснец, па секоја закана од блокада или ескалација на конфликтот во тој регион ја намалува очекуваната понуда и ја крева цената на нафтата нагоре.
Токму ескалацијата на конфликтот што е присутна во последните денови влијаеше на цената на нафтата, а оние кои инвестираа на време сега веќе ги жнеат сериозните плодови од својата инвестиција. Оние кои сè уште не го сториле тоа, можеби ќе имаат уште една шанса. Доволно е да се погледне цената на нафтата во последните месеци за да се заклучи дека овој извор на енергија во моментов е вистинскиот избор. Во споредба со пред шест месеци, цената на нафтата се зголеми за неверојатни 43%!
На дневна основа, нафтата вчера поскапе за над фасцинантни 7%, а овој раст е забележлив речиси секој ден откако започна војната. Ваквите резултати, како и тековната војна на Блискиот Исток, најавуваат дека оваа цена би можела да се зголеми уште повеќе, па затоа има простор за оние кои не го сториле тоа, да инвестираат во цената на овој извор на енергија и да чекаат голем приход во наредните денови.
Секоја тензија или конфликт на Блискиот Исток веднаш го „тресе“ глобалниот пазар – цените скокаат, понудата станува неизвесна, а сите ги чувствуваат последиците.
Нова криза и уште еден удар на пазарот на енергенси: Нафтата пак поскапе!












