Повеќе од 2.000 домашни и странски посетители вчера го посетија Националниот археолошки музеј и беа дел од нашиот настан „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, организиран по повод 35 години од независноста на нашата држава.
Во текот на целиот ден музејските сали беа исполнети со посетители кои ги бараа 35-те предмети означени со македонското знаме, ги слушаа нивните приказни и заедно со нашите кустоси откриваа дел од богатството што секојдневно е пред нив во постојаната поставка.

„Особено нè радува огромниот број домашни посетители, семејства и млади луѓе, заедно со бројните странски туристи кои токму на Денот на независноста одлучија да го посетат Музејот. Во рамките на програмата беше промовиран и каталогот „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, во присуство на голем број гости, соработници и пријатели на Музејот. Каталогот го промовираа министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани и директорката на Националниот археолошки музеј, Магдалена Манаскова, претставувајќи ја идејата зад изборот на 35 предмети и значењето на археолошкото наследство во градењето на историската меморија, современиот идентитет и односот кон сопствената држава. Посетеноста ни покажа нешто што за нас е особено важно: публиката сака да ја запознае археологијата кога зад предметот ќе го открие човекот и неговата приказна. Избравме 35 предмети, а целта беше да потсетиме дека зад секој од илјадниците предмети изложени во Националниот археолошки музеј постои приказна што заслужува да биде раскажана“, велат од Националниот археолошки музеј .












