Град Скопје набргу ќе избере и ќе објави кој е најдобро украсен дом во главниот град. За изборот ќе одлучува формираната комисија и сопственикот на најдобро украсениот дом ќе добие парична награда.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека по повеќе години Град Скопје повторно годинава објавил повик и дека условите се „јасно и јавно пропишани“.
– Предвидена е парична награда за најдобро украсениот дом што ќе биде избран. Град Скопје има формирано комисија што е задолжена за изборот, во таа работа јас не се мешам. Условите беа јасно и јавно пропишани, така што за брзо ќе биде избран и објавен најубаво украсениот дом во градот Скопје – истакна Ѓорѓиевски.












