петок, јануари 16, 2026
Дома МАГАЗИН На тетовчанецот Тони Тушев не му помогнаа ниту гласовите на Тијана 

На тетовчанецот Тони Тушев не му помогнаа ниту гласовите на Тијана 

129

Во балканското ТВ-шоу „Никогаш не е доцна“!  И ако имаше огромна поддршка со гласовите од нашата Тијана Дапчевиќ-Тодевска во балканското шоу „Никад није касно“, која беше во жирито, македонскиот претставник Тони Тушев, за жал, не помина во петтиот круг. Тој изгуби, па сега сите надежи се од ФБ-гласовите на публиката. Тони без трема испеа една прекрасна песна од репертоарот на познатиот Маринко Роквиќ.

Сепак, не доволно убедливо за понатамошно натпреварување. И овој пласман е одличен, а надежта по правило, последна умира. Сите со Тони се надеваат дека публиката од целата поранешна Југославија, од Европа и дијаспората, ќе биде на страната на овој интересно-музикален тетовец.   (Д.М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ