Американскиот претседател, Доналд Трамп, сподели теорија на заговор за поранешниот претседател и свој политички ривал, Џо Бајден, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Трут соушл“.
– Џо Бајден е заминат – погубен во 2020 година – пишува во објавата во чие продолжение се наведува дека Бајден е заменет со „клонови, двојници и роботски конструирани бездушни, безумни суштества, а демократите не ја забележуваат разликата“.
„Њузвик“ ја контактираше Белата куќа за да дознае зошто го објавил претседателот ова, а биле испратени прашања и до Бајден, преку неговата агенција.
– Нема докази што го потврдуваат ова тврдење. Бајден постојано се појавуваше во јавноста, учествуваше на непланирани прес-конференции и комуницираше директно со светските лидери, па би било невозможно убедливо да се лажира со денешната технологија. Понатаму, таков голем заговор би барал учество на илјадници луѓе од различни политички кругови, вклучувајќи републиканци, новинари и странски претставници, што е крајно неверојатно – пишуваат светските медиуми.
Трамп ја сподели оваа теорија на заговор кратко откако беше објавено дека му е дијагностицирана на Бајден агресивна форма на рак на простатата.