среда, октомври 21, 2026
Дома БАЛКАН На гласачкото ливче напишал „криминалец“ и одлетал за Истанбул: Русите се плашат...

На гласачкото ливче напишал „криминалец“ и одлетал за Истанбул: Русите се плашат дека изборите биле пат за нова мобилизација

66
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Кога рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна мобилизација во септември 2022 година, шест месеци по инвазијата на Украина, околу 400.000 руски мажи ја напуштија земјата. Сега луѓето, кои веќе се се помалку и помалку, заминуваат дури и без никакво официјално соопштение од властите. На пример, на 18 август, околу 20.000 луѓе ја преминаа копнената граница меѓу Русија и Грузија, што е приближно трипати повеќе од вообичаениот дневен просек. Некои веруваат дека новиот процес на регрутација веќе почнал. Воен адвокат тврди дека од секој осуденик во затворот во Рјазан се земаат примероци од ДНК за полесно да се идентификуваат нивните тела на боиштето

Дмитриј, 35-годишен московјанец кој работи во маркетинг, гласаше на парламентарните избори во Русија на 18 септември, така што ан гласачкото ливче напиша „криминалец“, го стави во кутијата и веднаш се упати кон аеродромот, од каде што одлета за Истанбул. Тој беше само еден од илјадниците луѓе што ја напуштија земјата во последните недели, плашејќи се дека „специјалната изборна постапка“, како што некои Руси почнаа да ги нарекуваат изборите, ќе отвори пат за нов бран воена мобилизација.

Кога рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна мобилизација во септември 2022 година, шест месеци по инвазијата на Украина, околу 400.000 руски мажи ја напуштија земјата. Сега луѓето, кои веќе се се помалку и помалку, заминуваат дури и без никакво официјално соопштение од властите. На пример, на 18 август, околу 20.000 луѓе ја преминаа копнената граница меѓу Русија и Грузија, што е приближно трипати повеќе од вообичаениот дневен просек. Руската царинска служба регистрираше слични бројки во претходните денови. Во Ерменија, друга земја во која руските граѓани можат да влезат без виза, огромната побарувачка за станови под кирија ги зголеми цените за 30 до 50 проценти од пролетта.

– Мобилизацијата не е единствената причина за моето заминување. Ми беше доста од сè, не можев повеќе да поднесам да живеам во таква атмосфера – вели Јури, кој работеше во туристичка агенција во Санкт Петербург.

Григориј Свердлин од организацијата „Идите лесом“ („Изгуби се“), волонтерска асоцијација која им помага на луѓето да избегнат присилна мобилизација, наведува дека бројот на барања за помош што ги добиле оваа есен се зголемил за 50 проценти во споредба со пролетта оваа година. Анастасија Буракова од „Ковчег“ („Барка“), организација која им помага на антивоените Руси да емигрираат, вели дека бројот на барања се зголемил осумкратно од јули.

– Во споредба со 2022 година, сега сме сведоци на помал, но значително подобро организиран бран на емиграција – додава Буракова.

Гласините за нов бран на мобилизација кружат со месеци. Украинските власти предвидуваат регрутирање на најмалку 100.000 мажи, додека францускиот претседател Емануел Макрон на 24 септември изнесе проценка од 300.000. И руските воени блогери веруваат дека нов бран на мобилизација е многу веројатен, иако официјално, Кремљ тврди дека не се подготвува ништо слично.

– Тоа е целосна бесмислица. Тоа е информативен напад врз Русија – рече Путин непосредно пред изборите минатиот месец.

Сепак, поучени од искуството, Русите веруваат дека колку посилно властите го негираат тоа, толку е поголема веројатноста дека ќе се случи. Така, во 2022 година, Кремљ негираше подготовки за мобилизација само една недела пред официјално да ја објави. Рускиот административен апарат е значително подобрен во последните години, а сега вклучува електронски повици за армијата и директна врска помеѓу воените оддели и граничната служба.

Ова лето, протести избувнаа во Пенза, 600 километри источно од Москва, откако регрутери во цивилна облека почнаа насилно да ги отстрануваат луѓето од улиците. За да се избегнат понатамошни немири, следниот бран на мобилизација би можел да се спроведе во целосна тајност. Должниците, невработените и студентите со лоши оценки би можеле да бидат принудени да носат униформа.

Некои веруваат дека овој процес веќе почнал. Воен адвокат тврди дека од секој осуденик во затворот во Рјазан се земаат примероци од ДНК за полесно да се идентификуваат нивните тела на боиштето.

Квотите за регрутација се доделуваат на регионалните гувернери и раководителите на големите компании, префрлајќи ја одговорноста за какво било јавно негодување врз нив. Тоа е еден вид „децентрализација“ што Кремљ ја тестираше за време на пандемијата ковид-19. Николај Митрохин од Универзитетот во Бремен, социолог и воен аналитичар, вели дека богатите региони практично „купуваат“ регрути од посиромашните региони. Еднократниот бонус за потпишување воен договор во богатиот регион Свердловск е дури 3,1 милиони рубли (околу 37.000 долари), што е речиси четирипати повеќе отколку во посиромашниот Сиктивкар во близина на Урал. Затоа војниците од посиромашните области патуваат во побогатите области за да се запишат таму.

Руската армија во моментов главно привлекува нискоквалификувани луѓе без јасна животна перспектива, тврди рускиот економист Владислав Иноземцев. Таа е уште попривлечна за оние кои имаат слаба волја за живот и сакаат да им остават нешто материјално на своите семејства. Војниците добиваат не премногу импресивна плата од 200.000 рубли месечно, од кои нивните претпоставени често крадат добар дел. Сепак, беа обезбедени огромни бонуси за потпишување, како и надомест од 15 милиони рубли во случај на смрт за членовите на семејството, што е повеќе од десетпати повеќе од просечниот годишен приход во Русија.

 

ИЗДВОЕНИ