Поранешниот гермаски тенисер Борис Бекер, веднаш реагираше на однесувањето на рускиот тенисер Данил Медведев за време на мечот од првото коло на САД Опен против Французинот Бенжамин Бонзи.
Дуелот заврши со сензационална победа на Бонзи со 6:3, 7:5, 6:7, 0:6, 6:4), а Медведев повторно беше во центарот на вниманието, не поради играта, туку поради контроверзното однесување.
Во третиот сет тој влезе во жесток вербален конфликт со судијата, што доведе до шестминутен прекин на натпреварот. Нервозата кај 29-годишниот тенисер беше очигледна и по завршувањето на мечот и го искрши рекетот.
Вакви сцени предизвикаа реакции кај тениската јавност, а особено кај Бекер, кој истакна дека играчи со статус и искуство какво што има Медведев треба да покажат поголема смиреност и професионалност.
„Ова го нарекуваме „јавен нервен слом“. Мислам дека му е потребна професионална помош!?,“, потенцира Бекер.