На Бајден му е дијагностициран агресивен облик на рак

44

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му бил дијагностициран „агресивен облик“ на рак на простата, се наведува во соопштението од неговиот личен кабинет, а болеста се проширила и на неговите коски, јавува Си-Ен-Ен.

„Минатата недела, претседателот Џо Бајден беше прегледан за нов јазол на простатата, откако доживеа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата, со Глисон оцена 9 (група 5 степен), со метастази во коските“, се вели во соопштението.

Понатаму се вели: „Иако тоа е поагресивна форма на болеста, се чини дека ракот е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасен третман“.

Бајден и неговото семејство „разговараат за опциите за третман со неговите лекари“, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ