сабота, октомври 10, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ На Алкараз му беа доволни само 67 минути на теренот во Шангај

На Алкараз му беа доволни само 67 минути на теренот во Шангај

0
Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

Се чини дека Карлос Алкараз постепено ја пронаоѓа својата препознатлива форма; повредата на десната рака изгледа како минато, а најдобриот изигран тенис на Шпанецот веројатно допрва претстои.

Карлитос се пласираше во третото коло на турнирот во Шангај откако помина само 67 минути на теренот.

Тој го совлада Хуан Мануел Серундоло – победувајќи со 6-3, 6-3.

Алкараз сервираше одлично, постигнувајќи осум аса и освојувајќи 86 отсто од поените на прв сервис.

Ова е негова седма победа по ред; тој пред само неколку дена го освои турнирот во Токио.

ИЗДВОЕНИ