Нeмало нарушување на јавен ред и мир на синоќешните протести на граѓаните во повеќе градови во земјава, соопштија денеска од МВР за весникот ВЕЧЕР.
Во одговорот на нашето новинарско прашање за тоа какви постапки може да се очекуваат од МВР во однос на протестите на граѓаните по одземањето на нвините возила од страна на полицијата, се наведува дека немало нарушувања на законските одредби кои се однесуваат на јавниот ред и мир.
-Во врска со настаните за кои прашувате ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден јавни собири на граѓани се оддржаа на патниот правец Ресен-Прилеп, во Струмица, Прилеп, во Ресен, Штип, Кочани и сите се одржаа и завршија без нарушување на јавниот ред и мир – се наведува во одговорот од МВР.
Се додава дека МВР во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување. (Б.Ѓ.)












