вторник, јануари 20, 2026
Дома РАЗНО МВР алармира за нова измама: Не отворајте лажни пораки испратени од „Безбеден...

МВР алармира за нова измама: Не отворајте лажни пораки испратени од „Безбеден град“ и никако не споделувајте лични податоци!

33

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на фишинг напади преку лажни СМС и електронски пораки. Измамниците испраќаат известувања наводно од Одделот за моторни возила или системот „Безбеден град“, во кои е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да платат за наводен сообраќаен прекршок.

МВР појаснува како да се направи разлика помеѓу лажните и вистинските известувања. „СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач ’MVR-SC‘. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk…“, нагласуваат од министерството.

Надлежните апелираат никогаш да не се споделуваат лични податоци како броеви на банкарски картички и лозинки преку неовластени канали и секогаш да се проверува адресата на испраќачот. Секторот за компјутерски криминал веќе води истраги за откривање на сторителите на овие измами.

 

ИЗДВОЕНИ