Мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој е во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“, вечерва се одржува и на Плоштадот Македонија во Скопје. Настанот го заокружува своето патување низ 11 градови во државата со настап на повеќе од 120 артисти.

На сцената во Скопје вечерва ќе настапат Игор Џамбазов и Драгана Левенска, како и Ружица Брчиоска, Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Тајзи, Лозано, Бојана Скендеровски, Бранислав Николов, Вера Милошевска, Сара Мејс, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева и Петар Младеновски.

Дел од програмата се и Дарио, Спасен Силјановски, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Дорис Димовска, Андријана Јаневска, Игор Дурловски, Ана Дурловска, Ана Петановска, Драган Мијалковски, Димитар Андоновски, Дарко Гроздановски, Пере од „Нокаут“, Лина Пејовска, Андријана Петрушовска, Марија Спасовска, Мина Блажев, Антонија Гиговска, Дани и Лара.

 

Преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, се раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, а се истакнуваат и најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега посети 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

 

Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Според најавите, Гета ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.

Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија е подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.

ИЗДВОЕНИ