Муцунски појасни: Студентските, туристичките и бизнис визите остануваат достапни

24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска појасни дека привременото замрзнување на визниот режим од страна на САД за 75 земји, меѓу кои и Македонија, се однесува исклучиво на иселеничките визи. Оваа одлука на Стејт департментот не влијае врз останатите категории граѓани.

„Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапки за иселенички визи. Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи за САД. Доколку сте стопанственик, студент или турист кој сака да патува во САД, слободно ќе може да си аплицирате“, подвлече Муцунски.

Тој додаде дека најмал број апликации од македонски државјани се токму за иселенички визи и дека приоритет на државата е олеснување на движењето за бизнисот и науката. Муцунски најави и позитивни изненадувања во наредните шест месеци, кои би можеле да решат прашања стари две децении во однос на визната политика со стратешкиот партнер.

ИЗДВОЕНИ