Кошаркарскиот клуб Монако доживеа нов удар, откако Француската кошаркарска федерација го одби последното барање за преиспитување на неговиот случај. Актуелниот француски шампион остана без место во првите две нивоа на домашната кошарка и во најдобар случај ќе мора да игра во третата лига.

Иако клубот доби нов инвеститор и најави дополнителни спонзори, Федерацијата оцени дека реакциите дошле предоцна.

Монако минатата сезона освои четири трофеи и играше во финалето на Евролигата, а сега се соочува со целосен колапс. Дополнителен удар може да биде и неговото евентуално повлекување од Еврокупот.

 

ИЗДВОЕНИ