сабота, февруари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Многу топло време во наредните денови, температурите во опаѓање од следната седмица

Многу топло време во наредните денови, температурите во опаѓање од следната седмица

73

Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (8.јуни) времето ќе биде многу топло.

Денес и утре, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и в сабота.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Во Скопје, денес попладне, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Утре, во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Надлежните со препорака: во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ИЗДВОЕНИ