Македонската машка младинска репрезентација во кошарка (до 20 години) не успеа да се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во Ерменија. Во дуелот од последното 5. коло од Ц-групата, Македонија беше е поразена од Данска со 85:89.

Без разлика на овој пораз, шансите за пласман во четвртфиналето македонските надежи ги загубија претходно. Имено во првиот меч од нашата група Швајцарија ја победи водечката Австрија со четири разлика, доволно да заврши пред нас.

Што се однесува до натпреварот, во него ниту една од репрезентациите не успеа да создаде поголема предност. Данците беа оние кои во најголемиот дел беа во позитива, а најголемата изнесуваше осум поени. Тие добија три од четирите периоди, па заслужено се радуваа на победа.

Така македонските младинци во продолжението на првенството ќе разигруваат за пласман од 17 до 21 место.

 

ИЗДВОЕНИ