Канадскиот хокеар со хрватско потекло, Метју Мајич (21), сè уште е на апарати за одржување во живот откако колабирал во текот на тренинг на Универзитетот „Аризона стејт“ на 20 август. Младиот спортист доживеал топлотен удар и тешко оштетување на мозокот, а адвокатите на неговото семејство претходно соопштиле дека нема изгледи за закрепнување. Несреќата предизвика сериозни реакции, суспензија на главниот тренер и истрага за околностите во кои се одвивал тренингот.

Мајич е роден во Канада, но неговото семејство има хрватски корени. Како дете, играл фудбал за клубот „Кроација Хамилтон“, каде што тренер му бил татко му Џон.

Привремениот тренер, Мајк Корбет, кој го води тимот по разрешувањето на Грег Пауерс, зборуваше за болката што ја чувствуваат членовите на екипата.

  • И нас нè боли. И ние сме луѓе. Го познаваме момчето и страдаме исто како и сите други – порача Корбет, додавајќи дека тој лично го довел Мајич во тимот.

Случајот предизвика сериозни прашања за безбедноста на спортистите во текот на тренинзите, додека семејството, соиграчите и спортската јавност се соочуваат со последиците од трагичниот настан.

ИЗДВОЕНИ